| четврток, 6 декември 2018 |

Наместа влажни коловози, внимавајте на одрони

ekonomija-patista-51-5 Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.

Поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња, на патниот правец Р2136 Ржаничино – Д.Коњаре има забрана за движење на тешки товарни возила над 7,5 тона и автобуси.

Се уште е во тек и забраната за движење, поради свлечиште кај село Ратавица, на патот Киселица – Злетово во општина Пробиштип.

Поради надојдените води од реката Крива Лакавица во прекин се патните правци кон село Степанци и село Суво Грло.

Штетата на мостот на патниот правец Радовиш – Штип е санирана и сообраќајот се одвива наизменично, по една коловозна лента.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top