Операта „Метрополитен“ продолжува со своите преноси во живо. Оваа сабота, на 31 јануари директно од сцената на МЕТ во „Синеплекс“ ќе биде изведена седмата опера од оваа сезона „Хофманови приказни“. Диригент: Ив Абел, Режија: Бартлет Шер, Сценограф: Мајкл Јураган, Костимограф: Кетрин Зубер, Дизајн на светло: Џејмс Ф. Ингалс, Кореограф: Ду Ду Хуанг, Улоги: Ерин Морли (Олимпија), Хибла Герзмава (Антонија, Стела), Кристин Рајс (Џулиета) Кејт Линдзи (Никлхаус/Муза), Виторио Григоло (Хофман), Томас Хампсон (четири злобници).

Виторио Григоло ја толкува насловната улога во Офенбаховата опера „Хофманови приказни“, поет, чиишто романтични напори постојано се попречени, во продукцијата на бродвејскиот режисер Бартлет Шер. Томас Хемпсон дополнува нова улога во својот многуброен репертоар, толкувајќи ја улогата на четирите злобници кои се вплеткува во Хофмановата врска со четирите жени: механичката кукла Олимпија, отпеана од страна на американското сопрано Ерин Морли во нејзиното деби; компулсивната уметница Антонија и нарцисоидната глумица Стела, двете улоги портретирани од руското сопрано Хибла Герзмава; и венециската куртизана Џулиета, толкувана од англиското мецо-сопрано Кристин Рајс. Кејт Линдзи повторно ја игра улогата на Никлаус. Под диригентската палка на Ив Абел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


