Едно лице загина, а две се повредени на снимањето на новиот филм на Мартин Скорсезе.
Филмот „Тишина“ во моментов се снима во Тајван, а до несреќата дошло кога работници се обиделе да го поправат таванот на зградата на едно од студијата во кое се снимале дел од сцените.
Според пишувањето на британските медиуми, продукцијата оценила дека постои можност таванот да се урне, па биле повикани работници за соодветно да го обезбедат.
Сепак, таванот се урнал и еден од нив загинал, а двајца се повредени. Продукцијата соопштила дека жали поради оваа трагедија, а ќе се утврдуваат и околностите под кои настанала несреќата.
Во филмот „Тишина“, кој Скорсезе сака да го снима повеќе од десет години, се работи за два свештеника од 17 век, кои патуваат во Јапонија за да го шират христијанството и да го пронајдат својот ментор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура