Романското Обвинителство денеска покрена обвинение против поранешната министерка за туризам и влијателна политичарка Елена Удреа поради перење пари и давање лажни изјави.
Обвинителите за борба против корупција денеска ја сослушале Удреа поради сомнеж дека не пријавила финансиски средства кои во 2010 година ги добила од тогашниот собруг, иако имала обврска да го направи тоа. Таа ги отфрлила тврдењата дека ја злоупотребила својата функција.
Поранешната министерка му беше близок соработник на Трајан Басеску, романски претседател во периодот од 2004 до 2010 година.
Басеску ја поддржа намерата на Удреа да се кандидира на ноемвриските избори за шеф на државата, на кои го освои четвртото место
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Ова е Македонката која била „шефица“ за перење пари: Се фалела со луксуз, уживала на јахти додека правела големи скандали (галерија)
-
Министерка на велосипед сама отишла да се пораѓа
-
ЕК бара од осум членки на ЕУ да преземат мерки против перењето пари