| четврток, 6 декември 2018 |

Претставата за деца „Петар Пан“ на барање на публиката повторно на сцената на МОБ

На барање на публиката, денеска напладне, во Македонската опера и балет ќе се одржи уште едно издание на популарната претстава за деца „Петар Пан“. Петар Пан e лик создаден од шкотскиот романописец и драматург Џ.М.Бери (1860–1937). Палаво момче кое може да лета и магично одбива да расте. Петар Пан го поминува своето бескрајно детство во авантури на малиот остров Недојдија како водач на неговата банда Загубените момчиња, заедно со сирени, Индијанци, самовили и поирати, одвреме-навреме сретнувајќи необични деца од надворешниот свет.

Настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top