| четврток, 6 декември 2018 |

Создадена за неуспех во љубовта? Дали си и ти една од тие жени?

Некои жени имаат среќа во љубовта. Некои немаат. Работата е мошне едноставна и за едните и за другите, но најчесто тие што никако не успеваат да пронајдат момче, не знаат во што е проблемот. Истражувањата покажуваат дека постојат типови жени што секогаш се мачат кога е во прашање љубовта. Припаѓаш ли и ти на таа група?

zena

Секогаш на второ место

Жената што многу се труди да им угоди на сите околу неа, секогаш е на второ место. Мажите не сакаат такви жени затоа што имаат чувство дека немаат никаков предизвик. Жената што настојува да угоди на секоја желба на својот маж, мисли дека прави нешто добро, но, всушност, греши.

Во потрага по сродна душа

Жената што ја идеализира љубвта и очекува дека сѐ ќе биде како на филм, многу често наидува на разочарување. Секоја мана на потенцијалното момче ќе ја претвори во голем проблем поради што не можат да бидат заедно и ќе тргне во потрага по некој друг.

Кралица на драмата

Жената што од мува прави слон никогаш не е привлечна на мажите, особено не на тие што сакаат нормална и стабилна врска. Тие жени многу често се и љубоморни, а драматизирањето им е само начин да привлечат внимание на себе.

Втора мајка

Се вели дека секој маж во жената ја бара својата мајка, што можеби е вистина во некој сегмент, но мажите, дефинитивно, не сакаат да бидат во врска со жена со која ќе се чувствуваат дека сѐ уште живеат со својата мајка. Константното приговарање и третирање на мажот како да им е син ги прави таквите жени непожелни за врска.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top