| четврток, 6 декември 2018 |

Викендов аудиција за играниот филм „Безимени“

Претстојниот викенд во Скопје ќе се одржи аудиција за главните ликови за првиот долгометражен игран филм на македонскиот режисер Вардан Тозија, со работен наслов „Безимени“, кој е во фаза на интензивни подговотвки.

– Снимањето на филмот ќе се одвива во Скопје. Главните ликови во филмот се млади машки лица на возраст меѓу 16 и 20 години, па за таа цел продукцијата организира и отворена аудиција за сите заинтересирени кандидати, кои не мора да имаат претходно актерско искуство – велат од продукцијата.

Инаку, „Безимени“ е филм за група проблематични млади луѓе од маргинални средини, потиснати преку неправди до самиот раб на општеството, го одбираат својот пат за опстанок преку единствениот начин што го познаваат, бескомпромисна улична борба до последен здив.

Аудицијата ќе се оддржи на 31 јануари (сабота) и на 1 февруари (недела) од 10.00 до 20.00 часот во џебното кино на Младинскиот културен центар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top