| четврток, 6 декември 2018 |

Потона брод во Бангладеш, повеќе од 20 лица се исчезнати

брод

Преполн брод на кој се наоѓале емигранти од Бангладеш, кои се обидувале да стигнат во Малезија, потона денеска во близина на бангладешкиот брег, при што повеќе од 20 лица се водат како исчезнати, соопшти полицијата.

Спасувачките екипи од водите на Бенгалскиот Залив успеале да извлечат 32 лица, а по другите се трага.

– Не се знае каде се нешто повеќе од 20 лица. Припадниците на крајбрежната стража и полицијата продолжуваат со спасувачката операција – изјави началникот на локалната полиција, Масуд Алам. – Луѓето што се спасени ни кажаа дека на бродот се наоѓале околу 60 луѓе – додаде Алам.

Тој истакна дека сите спасени луѓе се држајани на Бангладеш, кои се упатиле кон Малезија.

Илјадици сиромашни жители на Бангладеш секоја година се обидуваат да емигрираат во Малезија и се решаваат на опасното патување во таа земја долго 3.200 километри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top