| четврток, 6 декември 2018 |

Стевче Јакимовски ќе се степал пред „Зебра“

10422081_10202045141370431_2127571934942063654_n

Градоначалникот на општина Карпош, вчера, на паркингот пред скопскиот ТЦ “Зебра” за малку ќе се степаше со човек што беше паркиран на влезот на трговскиот, пренесува „Вест“.
Откако обезбедувањето на „Зебра“ се обидело да му објасни на човекот дека е забрането паркирање пред главниот влез, и не успеало, во расправијата се вмешал градоначалникот на Карпош, кој се нашол во близина.

– Слушнав како Јакимовски му рече на човекот: „Мочко еден, тргни се оттука, што знаеш ти“. На тоа човекот, чијшто автомобил беше паркиран, му одговори: „Не ми е гајле и да си прв полицаец, а не само градоначалник на Карпош“. Потоа господинот, чијшто автомобил беше паркиран на влезот го фати Јакимовски за вратот, а една жена од блискиот ресторан ги молеше да се смират и да се разделат –  вели за „Вест“ очевидец на расправијата.

Инаку, новинари на „Вест“, на своите профили на „Фејсбук“ информираат дека Јакимовски интервенирал текстот и фотографијата, која било планирано да се објави на насловната на „Вест“. По ова новинарите на „Вест“ ги променија своите фотографии на профилите на „Фејсбук“ – човече со затворена уста.

1948127_10205519370968778_9082515347421308247_n

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top