Градоначалникот на општина Карпош, вчера, на паркингот пред скопскиот ТЦ “Зебра” за малку ќе се степаше со човек што беше паркиран на влезот на трговскиот, пренесува „Вест“.
Откако обезбедувањето на „Зебра“ се обидело да му објасни на човекот дека е забрането паркирање пред главниот влез, и не успеало, во расправијата се вмешал градоначалникот на Карпош, кој се нашол во близина.
– Слушнав како Јакимовски му рече на човекот: „Мочко еден, тргни се оттука, што знаеш ти“. На тоа човекот, чијшто автомобил беше паркиран, му одговори: „Не ми е гајле и да си прв полицаец, а не само градоначалник на Карпош“. Потоа господинот, чијшто автомобил беше паркиран на влезот го фати Јакимовски за вратот, а една жена од блискиот ресторан ги молеше да се смират и да се разделат – вели за „Вест“ очевидец на расправијата.
Инаку, новинари на „Вест“, на своите профили на „Фејсбук“ информираат дека Јакимовски интервенирал текстот и фотографијата, која било планирано да се објави на насловната на „Вест“. По ова новинарите на „Вест“ ги променија своите фотографии на профилите на „Фејсбук“ – човече со затворена уста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јакимовски: Со овој договор треба да се откажеме од човековите права на нашето национално малцинство во Бугарија
-
Јакимовски: Од понеделник сите општини ќе бидат под целосна блокада
-
Куп-титулата на Карпош Соколи слета во општината, Јакимовски вети премии
-
Јакимовски: Од обврзницата на СДСМ плативме 72 милиони евра камата после 10 години, затоа треба да се суди некој




