| четврток, 6 декември 2018 |

Акумулациите Калиманци и Градче полни со вода

Kalimanci

Обилните врнежи од дожд на подрачјето од источниот регион ги наполнија акумулациите Калимаци и Градче со кои стопанисува Водостопанство „Брегалница од Кочани“. Состојбата со акумулираните води се следи од одговорните во Водостопанство Кочани и се интеревенира со испуштање на вода.

 – Во Калимаци дотокот на вода изнесува 21 метар кубен, а се испуштаат  по 18 метри кубни вода преку Хидроцентралата. Калиманци има можност за акомулирање на уште 7,5 милиони метри кубни вода. Акумулацијата Градче е на прелив и моментно од неа се испуштаат по 800 литри во секунда. Дотокот достигнува 2.300 метри кубни во секунда – информира Зоран Беличев, директор на Водостопанство Брегалница од Кочани.
 Снежната покривка на Пониква достигнува 40 сантиметри а на врвовите Руен и Султан Тепе над еден метар, што значи со  најавата на топлото време ќе има топење на снегот и зголемен водостој на реките и вдоодтеците од Осоговските Планини кон овие две акумулации.

Водостопанство „Брегалница“ ја следи состојбата и се постапува според упатствата на Кризниот штаб за следење на поплавите во Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top