Проруските сепаратисти во источна Украина соопштија дека најмалку 20 лица биле убиени од страна на владините сили.
– При гранатирање на градот Стаханов загинале 13 луѓе, а во сличен напад во Луганск загинал еден човек, изјави „министерката за здравство“ на самопрогласената „Луганска Народна Република“, Лариса Ајрапетјан, додавајќи оти 150 луѓе се хоспитализирани поради повреди.
Уште две лица биле убиени во местото Краснији Луч.
Четворица цивили се убиени, а деветмина се повредени во нападите врз населени места во реонот на Донецк од страна на силите на Киев во последните 24 часа, соопшти „министерот за одбрана“ на самопрогласената „Донецка Народна Република“ Едуард Басурин.
Тој истакна дека владините сили 68 пати го прекршиле договорот за прекин на огнот.
Портпаролот на украинското Министерство за одбрана Владислав Селезњов истакна дека тројца украински војници загина, а 15 се повредени во последните 24 часа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.