| четврток, 6 декември 2018 |

Алма Малер на македонските диви Милица Стојанова и Ѕвезда Ангеловска

„Алма Малер“ е драмска адаптација на истоимениот роман на Сашко Димоски, а режисер на оваа монодрама за две жени и дуплиран симфонски оркестар е актерот Васил Зафирчев

ALMA 2 (Custom)

Македонските диви Милица Стојанова и Ѕвезда Ангеловска мошне успешно ја раскажаа претставата за една од највпечатливите женски ликови на сите времиња – Алма Малер.

Претставата „Алма Малер“ вечерва премиерно ќе се изведе во балетската сала на Македонскиот народен театар (МНТ) во камерна атмосфера.

Одличен е изборот на Зафирчев на сцената да ги спои двете големи актерки од различни генерации. Стојанова ја толкува Алма Малер во повозрасни години, а Ангеловска е Алма Малер во младите години. Ликот е поставен центристички, што е реткост и особина на големите драмски автори, да создадат претстава чие дејство може да се раскаже само преку суштествувањето на еден театарски лик.

ALMA 3 (Custom)

„Алма Малер“ е драмска адаптација на истоимениот роман на Сашко Димоски, а режисер на оваа монодрама за две жени и дуплиран симфонски оркестар е актерот Васил Зафирчев.

Алма Малер е еден од најхаризамтичните женски ликови во историјата. Таа им била сопруга на композиторот Густав Малер, на архитектот Валтер Гропиус и на писателот Франц Верфел. Алма му била муза и на големиот австриски сликар Густав Климт. За неа се вели дека била и надарена композиторка.

Претставата „Алма Малер“ е копродукција меѓу „Арт-маркетинг“ и МНТ. Сценографијата е на Васил Зафирчев, костимите се на Тања Кокев, а изборот на музиката од симфониите на Малер го направија Зафирчев и Сашо Димоски. Авторката музика во претставата на е Калиопи Букле.

ALMA (Custom)

Романот „Алма Малер“, како и претходната книга „Дневникот на хулиганот“ на Сашо Димоски ги објави издавачката куќа „Култура“. Ова е втора соработка меѓу Зафирчев и Димоски, по претставата „Дневникот на хулиганот“.

фото: Александар Ивановски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top