| четврток, 6 декември 2018 |

Опаѓа популарноста на естетските операции

Faulty breast implantsВелика Британија во последно време стана позната по големото количество на силиконски убавици, но трендот на естетски операции е во опаѓање.

Силиконските „убавици“ ги преплавија медиумите последните години, но изгледа дека Британците полека се враќаат на својата традиција на природната убавина, затоа што минатата година се направени девет отсто помалку пластични операции отколку во 2013 година.

Иако вградувањето силикони во градите и понатаму водат по бројот на операции, токму кај нив забележан е најголем пад од дури 23 отсто. По силиконите, на списокот на најчести операции следуваат операциите на очните капаци, затегнување на лицето и вратот и намалување на градите.

Бројот на другите операции не е многу променет во споредба со претходната година, но сепак, има благо опаѓање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top