Ставот на управата на каталонскиот гигант уште еднаш е јасно повторен.
Претседателот на Барселона Жозеп Марија Бартомеу денеска за шпанските медиуми изјави дека не постои никаква шанса најдобриот играч на клубот Лионел Меси биде продаден во блиска иднина.
– Меси ќе остане во клубот во следните две сезони. Тој е под договор со нас и е среќен. Немаме намера да го продадеме бидејќи и ние сме среќни што го имаме во тимот – дециден беше Бартомеу.
Првиот човек на Барселона одговори и на прашањето со иднината на првиот човек на клупата Луис Енрике кој во неколку наврати оваа сезона беше цел на критики во јавноста.
– Луис има договор со клубот до 2016 година. Тој ја работи својата работа која не е лесна. Врши одлична работа и ние истотака сме задоволни од него – додаде Бартомеу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


