Скопската и кумановската полиција откриле група од пет фалсификатори на денари.
Во соопштението што го лиферуваше МВР стои дека СВР Куманово, во содејство со СВР Скопје, откри група лица што во Скопје направиле мини-лабораторија опремена со опрема за скенирање, компјутерска обработка и подготвување лажни пари, во која во почетокот на 2013 година изготвиле поголема количина фалсификувани пари во апоени од по 500 денари со ист сериски број.
Опремата е одземена од страна на полициските службеници од СВР Скопје, по што до ОЈО Куманово заедно со кривична пријава ке бидат спроведени Н.С.(24), М.М. (24) и И.А.(39) од Скопје, Д.Т.(28) од Куманово и Г.С.(28) од Крива Паланка поради основано сомнение дека сториле шест кривични дела фалсификување пари.
Пријавените Н.С, М.М и И.А, со намера за себе да прибават противправна имотна корист, во лабораторијата печателе фалификувани банкноти, при што повеќето банкноти Н.С., заедно со Д.Т и Г.С, ги пуштал во оптек како вистински на повеќе локации на подрачјето на Куманово и на Крива Паланка.
Бидејки постои сознание дека истите се сторители и на други вакви дела сторени и во други градови низ Р.Македонија, во тек се мерки за нивна проверка, расветлување и документирање, по што ќе бидат поднесени и соодветни пријави.
Пријавените Н.С, Д.Т. и Г.С. се познати стортители на кривични дела од областа на имотните деликти, и тоа тешки кражби и кражби за што им се поднесувани кривични пријави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.