| четврток, 6 декември 2018 |

Малолетникот осомничен за силување во воспитно-поравниот дом, обвинет за обид за убиство

Основното јавно обвинителство во Велес поднесе барање до судијата за малолетници во Основниот суд – Велес за поведување подготвителна постапка за дете, штитеник на воспитно-поправниот дом Тетово, за сторено кривично дело – обид за убиство.

На 25 јануари малолетникот побарал да биде однесен на лекарски преглед кај домскиот лекар поради главоболка. Во лекарската соба тој прво со дрзок и висок тон се обратил кон лекарот, потоа ја турнал масата меѓу нив и се обидел да го удри, во што го спречиле двајца надзорници. Подоцна, од трпезаријата 16-годишнит штитеник зел два ножа и повторно влегол во лекарската соба со вербални закани кон лекарот дека ќе го убие, а притоа повторно го спречиле присутните надзорници.

Инаку, детето за кое станува збор, во текот на издржувањето на воспитната мерка, се јавува како сторител на повеќе кривични дела, меѓу кои и кривичното дело силување друго дете – штитеник на домот. За непријавување на ова дело обвинителството поведе постапка и против заповедникот на воспитно-поправниот дом.

Надлежното обвинителство, по последниот случај, до судијата за малолетници во Основниот суд во Велес достави и предлог за определување мерка притвор за малолетникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top