| четврток, 6 декември 2018 |

Владо Георгиев сака да се смири покрај македонско девојче

Српскиот пејач со црногорско потекло Владо Георгиев, кој што на 14 февруари доаѓа на својот прв солистички концерт во Скопје, вели дека сака да се смири покрај македонско девојче.

– И јас како и вие Македонците, многу го почитувам Св. Трифун. Но, годинава сакам да го прославам и Свети Валентин. Ништо чудно покрај мене да се најде македонско девојче. Па, да ме смири. Зошто да не – изјави Георгиев.

За концертот е задолжена продукцијата на Георгиев, „Барба продукција“, кои ветуваат осветлување и озвучување по највисоки светски стандарди, сцена доволно голема за да на неа ја пренесе цела енергија, а покрај Георгиев во Борис Трајковски ќе видиме и танчери и балерини. 

Георгиев најавува многубројни изненадувања, какви што им приредил и на обожавателите во преполната „Комбанк арена“ во Белград. 

Според Георгиев, репертоарот никогаш не го подготвува пред време. Пее она што го тера срцето, но го слуша и ритамот на публиката.

Со почеток во 21.00 часот, „Збогом љубави“, „Реци не или да“, „Живим сад“, „Искрено“, „Хеј ти“, „Жена без имена“ ќе бидат само дел од песните кои што овој 14 февруари за Владо Георгиев, но и за сите останати во „Борис Трајковски“, ќе го направат посебен и поинаков од било кој друг Валентин или Трифун досега.

Цените на билетите до 1 февруари се:

ПАРТЕР СТОЕЊЕ – 600 ДЕНАРИ
ФАН ПИТ – 1000 ДЕН. / СТОЕЊЕ ( ОГРАНИЧЕН БРОЈ )
ТРИБИНА СЕДЕЊЕ – 750 ДЕНАРИ ( БЛОК 5,6,10 и 11 )
ТРИБИНА СЕДЕЊЕ – 800 ДЕНАРИ ( БЛОК 7,8 и 9 )
ТРИБИНА СЕДЕЊЕ – 900 ДЕНАРИ ( БЛОК 4 и 12 )
ТРИБИНА СЕДЕЊЕ – 1000 ДЕНАРИ ( БЛОК 2 и 14 )
ТРИБИНА СЕДЕЊЕ – 1500 ДЕНАРИ ( БЛОК 3 )
ВИП ТРИБИНА – 2000 ДЕНАРИ ( БЛОК 13 )

Информации и резервација на 078 88 47 37.

Продажните места каде што може да се набават влезници се: ½ ЈУГОТОНЈУГОТОНЦВЕЌАРА РОЗЕ ВЕРО 2KAMARAD RAMSTORTobacco Корнер, продажната мрежа на купикарти за се и низ локалните кафулиња и плоштади низ државата. За фановите на Владо Георгиев од останатите градови од Р.Македонија, има организиран превоз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top