Откако Хорхе Марио Бергољо е прогласен за нов папа, неговиот приватен живот стана предмет на интерес на многу медиуми. Аргентинските медиуми ја пронајдоа Амалија, жената пред која новиот папа клекнал во младоста.
-Ако не се омажиш за мене ќе станам свештеник – и рекол тогаш Бергољо на “Амалија која кажала НЕ. Со тоа ја запечатила неговата судбина.
Амалија тврди дека нивната љубов ја прекинал нејзиниот татко:
-Тој ми испрати писмо, а откако мојот татко го прочита, ме истепа бидејќи не смеев да се допишувам со момчиња. Во тоа писмо нацрта куќа и ми вети дека ќе ми купи иста таква кога ќе се земеме. Моите родители направија се за да не разделат, и од тогаш повеќе не го видов. И денеска мислам дека сме сродни души бидејќи и двајцата ги сакаме сиромашните- раскажува жената на медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.