| четврток, 6 декември 2018 |

Жената поради која новиот папа стана свештеник

amelia_14032013_screen625Откако Хорхе Марио Бергољо е прогласен за нов папа, неговиот приватен живот стана предмет на интерес на  многу медиуми. Аргентинските медиуми ја пронајдоа Амалија, жената пред која новиот папа клекнал во младоста.

-Ако не се омажиш за мене ќе станам свештеник – и рекол тогаш Бергољо на “Амалија која кажала НЕ. Со тоа ја запечатила неговата судбина.

Амалија тврди дека нивната љубов ја прекинал нејзиниот татко:

-Тој ми испрати писмо, а откако мојот татко го прочита, ме истепа бидејќи не смеев да се допишувам со момчиња. Во тоа писмо нацрта куќа и ми вети дека ќе ми купи иста таква кога ќе се земеме. Моите родители направија се за да не разделат, и од тогаш повеќе не го видов. И денеска мислам дека сме сродни души бидејќи и двајцата ги сакаме сиромашните-  раскажува жената на медиумите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top