| четврток, 6 декември 2018 |

Од фудбалска академија со Кристијано Роналдо до првите борбени редови на ИСИС

Петмина португалски фудбалери од Источен Лондон се приклучиле на џихадистите од ИСИС во Сирија, а едниот од нив дури и тренирал во истата фудбалска академија, каде што најзначајните фудбалски чекори ги направил познатиот ас Кристијано Роналдо.

Фабио Покасо мечтаел за голема фудбалска кариера, бил мошне талентиран играч, а сега се бори во Сирија во редовите на припадниците на Исламската држава. Со него од Источен Лондон на военото жариште во Сирија заминале и Селсо Родригес, кој во 2012 година дури бил и на проба во Арсенал, но бил одбиен како неталентиран, потоа двајцата браќа Сараива и Сандро. За последниот има информации дека е убиен во една од битките во Сирија.

isis

Најопасни според британските медиуми, кои ја објавија шокантната вест се браќата Сараива, кои дури објавиле и видеоматеријал како убиваат британски државјанин на ѕверски начин со отсекување на главата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top