Речиси 500 рудари од најголемиот рудник за јаглен на истокот на Украина останаа денеска заробени под земја откако рударската јама остана без електрична енергија кога граната ја погоди потстаницата.
До несреќата дошло во рудникот за јаглен „Засјадко“ во регионот Донецк, кој е под контрола на проруските сили.
Неименуван претставник на Министерството за одбрана на самопрогласената Донецка народна република (ДНР) потврди дека 110 рудари се извадени од под земја, во првите минути, по прекинот на струја.
Стотици и натаму останале заробени под земја во рудникот во регионот на Донецк, по минофрлачкото гранатирање. Никој од рударите не е повреден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина


