| четврток, 6 декември 2018 |

Почина Демис Русос

Артемиос Вентурис Русос или најпознат како Демис Русос почина во саботата во болнциа во Атина на 68-годишна возраст. Светски познатиот грчки пејач ја почна кариерата на 17-годишна возраст, а врвот на успехот го постигна во седумдесеттите и во осумдесеттите години од минатиот век.

Во 1968 година, заедно со Евангелос Одисеас Папатанасиу – Вангелис, ја основа групата „Афродитас чајлд“ (Aphrodite’s Child). Неговите албуми се продадени низ светот во повеќе од 60 милиони копии.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top