| четврток, 6 декември 2018 |

Лажен телефонски повик до Дејвид Камерон предизвика безбедносна тревога

kamerun

Лажен телефонски повик до британскиот премиер Дејвид Камерон во неговиот кабинет во Даунинг стрит 10, предизвика безбедносна тревога.

Тревогата беше покрената откако јавувачот се претставил дека е Роберт Ханинган, директор на британскиот прислушно-разузнавачки центар (GCHQ), што значи дека освен линијата на премиерот, била пробиена и телефонската линија на еден од првите луѓе во британското разузнавање.

Претставник на Даунинг стрит 10 денеска го потврди инцидентот. Тој рече дека веднаш е покрената детална истрага за тоа како можело да се случи повикувач од надвор да се вклучи во мобилниот телефон на Камерон.

Овој претставник објасни дека повикувачот имал „неколку секунди разговор“ со премиерот, кој веднаш сфатил дека од другата страна не е директорот Ханинган и го затворил телефонот.

Според кабинетот на Камерон, „другата страна“ не го добила бројот од мобилниот телефон на британскиот премиер, ниту пак во сосема кусиот разговор е пробиена некаква „чувствителна“ и доверлива информација.

Итна истрага е покрената и во разузнавачкиот центар за тоа како некој успеал да дојде до бројот од мобилниот телефон на диркеторит и во негово име да се јавува во Даунинг стрит 10, пробивајќи ја и тамошната безбедносна заштита.

Лондонскиот таблоид „Сан“ тврди дека добиле телефонски повик во кој непознат човек им рекол дека успеал да ги „направи мајмуни“ оние во кабинетот на премиерот и во разузнавачкиот центар.

Тоа ја потврдува претпоставката дека инцидентот го предизвикал „обичен шегаџија“ и дека не станува збор за безбедносна закана за премиерот и за директорот на прислушниот центар.

Безбедносни експерти, сепак, оценуваат дека станува збир за „сериозен инцидент и за посрамување“ на безбедносните служби, а дека посебно е осрамотен центарот кој (како НСА во САД) ја надгледува комуникацијата, од како што се вели, безбедносни причини.

Веднаш по инцидентот со лажниот повик до премиерот, од сите министерства е побара „максимална будност“ во комуникацијата, поради постоењето на пасност од лажни телефонсми јавувања.

Ова не е прв некој да се „пробие“ во комуникациската мрежа на Даунинг стрит 10. Во 1998 година еден британски ди-џеј претставувајќи се како Вилијам Хејг, кој во тоа врема беше лидер на Конзервативната партија, на кусо разгвараше со тогашниот премиер Тони Блер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top