| четврток, 6 декември 2018 |

Самуел Ето во Сампдорија: Ова е нов предизвик за мене

Камерунскиот интернационалец Самуел Ето по неколку години повторно се врати во Италија. Тој минатата недела потпиша договор со Саммпдорија, а него стои дека тој по завршувањето на кариерата ќе добие место во раководните структури во тимот.
Ето во минатато од 2009 до 2011 година настапуваше за Интер во Серија А со кого ја освои Лигата на шампионите и едно „скудето“.

– Среќен сум што повторно се вратив во Италија. Уште повеќе ми е драго што ќе го носам дресот на Сампдорија. Се решив за овој клуб затоа што знам дека има фантастични навивачи и ќе сторам сѐ за да ги израдувам во наредниот период. На ова мое ново доаѓање на „чизмата“ гледам како на ново големо искушение – изјави Самуел Ето, кој го следеше и денешниот меч меѓу Сампдорија и Палермо од трибините.

Тренерот на Сампдорија, Србинот Синиша Михајловиќ, во Ето гледа големо засилување на позицијата каде што е „најтенок“ и се надева дека Камерунецот добро ќе се вклопи во новата средина.

– Бевме ослабени со заминувањето на Габијадини во Наполи, но верувам дека Ето ќе го замени добро. Ето освоил сѐ во својата кариера, клубот сега е во центарот на вниманието на медиумите, но јас сакам да гледам само она што се случува на теренот. Самуел би требало да ни помогне, а не тука да ни пречи во намерите да изградиме цврст, квалитетен тим – вели Михајловиќ.

Своето деби во дресот на тимот од Џенова Ето ќе го има веќе следниот викенд кога Сампдорија гостува кај Торино.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top