Турскиот суд му нареди на „Фејсбук“ да блокира повеќе веб-страници, на кои, според негово мислење, се навредува пророкот Мухамед заканувајќи се дека доколку не го направи тоа, ќе го блокира пристапот до оваа социјална мрежа.
Судскиот налог, кој е издаден вчера, следува по барање на Обвинителството. Засега нема коментари од претставниците на „Фејсбук“.
Ова е последен потег на турските власти во реакциите околу навредите на верските чувства на муслиманите, како што тие го доживеаја објавувањето на карикатурите на пророкот Мухамед во францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган претходно предупреди на „судир на цивилизациите“ по серијата напади од страна на милитантни исламисти во Париз, додавајќи дека зад нападите на „Шарли ебдо“ се кријат напади врз исламот.
Премиерот Ахмет Давутоглу изјави дека слободата на медиумите не му дава никому право да навредува опишувајќи го објавувањето на карикатурите како „голема провокација“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


