| четврток, 6 декември 2018 |

Пропадна ресторанот на Џејми Оливер во Истанбул

union-jacks-jamie-oliver-gallery

Ресторанот на познатиот готвач Џејми Оливер, кој беше отворен пред 14 месеци во Истанбул, пропадна иако се наоѓаше во трговскиот центар „Зорлу малу“, кој вреди 2,5 милијарди евра.

Медиумите пишуваат дека за сè е виновна лошата економска клима, а управата на ресторанот порачува дека ресторанот, сепак, нема да биде затворен.

– Моментно преговараме со нашите турски партнери за разрешување на ситуацијата во Истанбул – соопшти претставник на ресторанот.

Во другите делови од светот се работи „одлично“. За потсетување, синџирот на ресторани „Џејмис Италијан“ е основан во Оксфорд во 2008 година, а оттогаш се прошири на дури 30 објекти во разни делови од светот.

Сепак, познатиот турски економист Озгур Алтуг не се согласува со управата и коментарите, дека ситуацијата не е резултат на економската криза, туку лошто работење.

– Турците јадат во рестораните и покрај тешките времиња – изјави Алтуг.

Во прилог на тоа тврдење оди и написот дека и другите работни потфати на славниот готвач пропаѓаат, па „Дејли мејл“ потсетува на минатогодишното ненадејно затвораење на два ресторани на Оливер и на синџирот угостителски објекти „Унион џекс“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top