| четврток, 6 декември 2018 |

Во Скопје за три дена се случиле16 сообраќајни несреќи

сообракај

Сообраќајната полиција во текот на изминатите три дена на подрачјето на Скопје изврши увид на вкупно 16 сообраќајни незгоди.

Во петокот е извршен увид на вкупно шест сообраќајни незгоди. Од нив, две се последица материјална штета и четири се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило и еден пешак.

Во саботата е извршен увид на вкупно седум сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило и двајца сопатници.

Во неделата е извршен увид на вкупно три сообраќајни незгоди. Од нив, една е со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца пешаци.

Во текот на изминатите три дена сообраќајната полиција откри и санкционира 12 возачи што не ги почитувале светлосносообраќајните знаци на крстосниците, четворица возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 31 возач, кои го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај и 40 возачи што не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 19 возачи со своите возила се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место.

Со помош на специјалното возило пајак во текот на овие три дена од сообраќајната полиција отстранети се 76 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постојната сообраќајна регулатива.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top