Патријархот на Руската православна црква, Кирил, оценува дека карикатурите на муслиманскиот пророк Мухамед се детски во споредба со навредите што „Шарли ебдо“ ги упатил кон христијаните.
– Карикатурите на пророкот Мухамед се детинести во однос на тоа како магазинот ги навредува христијаните – изјави патријархот, пренесува руската ТВ-станица „Русија 24“.
Патријархот во обраќањето кон верниците рекол дека се противи на тероризмот, но и на навредувањето на верските чувства.
– Денес кога велиме „не“ на тероризмот, на убиствата, насилството, исто така треба да кажеме „не“ на необјаснивиот порив на група луѓе да се исмеваат со верските чувства – порача рускиот патријарх.
Во терористичкиот напад на „Шарли ебдо“ во Париз на 7 јануари беа убиени 12 лица. Поводот беше одмазда за објавувањето на карикатури со пророкот Мухамед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.