
Битолската полиција трага по лицата што вчера ги оштетија службените возила на регионалната дирекција на Управата за јавни приходи – УЈПво Битола.
Раководителот на дирекцијата Менде Матевски информираше дека се оштетни шест службени возила.
– Оштетени се 15 гуми на шест возила на УЈП во Битола. На овој начин е упатена лоша порака до нашиот државен орган од незадоволни граѓани, но веруваме дека предизвикувачите ќе бидат пронајдени и соодветно казнети – истакна Матевски.
Регионалната канцеларија на УЈП со седише во Битола во периодот од 23 до 25 јануари заедно со полициски инспектори од СВР-Битола и Државниот пазарен инспекторат извршија акциски контроли на 28 угостителски објекти во Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар и Македонски Брод, и според Матевски треба да се истражи дали настаните се меѓусебно поврзани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пензионерите што немаат дополнителни приходи не треба да се регистрираат за е-персонален данок
-
Возило на УЈП превртено стои во река – друго удрено во Битола
-
Важи и за плата и за пензија: Секој што има остварено приход, мора да се регистрира во системот Е-персонален данок
-
УЈП ќе шпионира кој работи за странство


