Штетата на мостот на патниот правец Радовиш – Штип е санирана и сообраќајот се одвива наизменично, по една коловозна лента. Сообраќајот на патниот правец Демир Капија кон Корешница е нормализиран. Забраната за движење, поради лизгар, на патот Киселица – Злетово во општина Пробиштип сè уште останува, информираат од АМСМ.
На регионалениот пат Р2232 на Глобица, во непосредна близина на Ратавци – Пробиштип, сообраќајот е сè уште во прекин.
Поради надојдените води од реката Крива Лакавица во прекин се патните правци кон Степанци и Суво Грло.
Сообраќајот на патниот правец Р1401, клучка Марвинци – Гевгелија е во прекин поради излевање на Вардар.
Воведена е забрана за движење на тешки товарни возила над 7,5 тона и автобуси, на патниот правец Р2136 Ржаничино – Д.Коњаре, поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња.
Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива по наместа влажни коловози. Поради појава на магла, видливоста кај Страцин е намалена на 50 до 100 метри.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците што минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде што е можна почеста појава на одрони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.