| четврток, 6 декември 2018 |

Од денеска до 30 јануари екстерно тестирање на матурантите

uceniciОд денеска до 30 јануари во средните училишта во Македонија ќе се спроведе екстерна проверка на знаењето на учениците од завршните години (трета и четврта), согласно со објавените распореди на интернет-страницата на Државниот испитен центар (prasanjaeksterno.dic.edu.mk).

Министерството за образование и наука соопшти дека на наведената страница е објавен јавен базен со вкупно 50.400 прашања на македонски, албански и на турски јазик, кои ќе бидат дел од тестовите за гимназиско и за стручно образование за сите струки, насоки и предмети.

– Во оваа фаза со процесот на екстерната проверка на постигањата на учениците ќе бидат опфатени вкупно 20.567 ученици од завршните години (трета и четврта година) во 98 средни училишта, како и 3.923 наставници по 2.622 предмети. Резултатите ќе бидат објавени на 2 февруари 2015 година, информира Министерството за образование и наука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top