Грчкиот премиер Антонис Самарас му честиташе на лидерот на Сириза Алексис Ципрас за победата на предвремените избори. Самарас рече дека ја почитува одлуката на грчкиот електорат.
– Грчкиот народ се изјасни и сите ние ја почитуваме одлуката. Нова демократија ќе остане да игра активна улога во развојот на настаните, како гарант на европскиот курс на земјата, рече Самарас во телевизиското обраќање.
Вредноста на еврото падна, откако беа соопштени резултатите на изборите во Грција, пред се` од стравот во врска со мерките за штедење кај европските кредитори.
Според официјалната проекција Сириза убедливо ќе победи, но може да и недостига само еден пратеник за апсолутно мнозинство во парламентот.
Излезните анкети покажуваат дека Сириза во просек освоила 37,5 од гласовите, распонот на гласовите во различните анкети се движи од 35,5 до 39,9 проценти, Нова демократија 25 проценти (од 23 до 27 отсто), а третото место засега го делат Потами со 7,2 проценти (распон од 6,4 до осум) и Златна Зора со потполно исти бројки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.