| четврток, 6 декември 2018 |

Во кои држави живеат најбогатите луѓе на светот?

Giuliana-Rancic-E-News-personality-and-Bill-Rancic-at-The-Dubai-Mall-700x450

Минатата година имаше 47 милиони луѓе кои припаѓаат во групата еден отсто најбогати луѓе во светот.

Според едно истражување, најголем број од нив живеат во САД. Во оваа држава живеат 18 милиони лица кои се побогати од преостанатите 99 отсто жители. Потоа следи Франција со 3,5 милиони богаташи, Велика Британија со 2,9 милиони, а во Германија живеат 2,8 милиони.

Германија има најсилна економија во Европа, но причината зошто има помал број богати луѓе е во тоа што многумина немаат свои недвижности.

Во Јапонија има четири милиони богати, а во Кина 1,6 милиони.

Држава со најголем број богати во глава на жител е Швајцарија. Еден од десет Швајцарци поседува повеќе од 798 илјади долари, што се смета за праг за влегување во друштво на најбогатите жители во светот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top