Радикална левичарска партија Сириза, противник на државни мерки за штедење, освои убедлива победа на предвремените парламентарни избори во Грција, со повеќе од осум проценти предност во однос на толку екстремно десничарската владејачка партија, Нова демократија, укажува анкетата меѓу избирачите по гласањето.Разликата меѓу нив се движи меѓу 8,5-16,5 проценти.
Изборните резултати, според излезните анкети, се „историска победа за грчкиот народ, кој со големо мнозинство се противи на штедењето“, изјави претставник на Сириза.
Според истиот извор, резултатот „испраќа силна порака до Европа, дека може да биде почетна точка на промени низ Европа“.
– Сириза ја презема одговорноста за формирање на Влада на социјален спас, за спроведување на Солунската програма и за преговори со Европа, рече претставникот на партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Насилно спречени претставници на СИРИЗА да положат венци во Политехничкиот факултет во Атина
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа