| четврток, 6 декември 2018 |

Чискејк

Чи­скејк или во пре­вод ко­лач со си­ре­ње, во­оп­што не е тра­ди­ци­о­на­лен ма­ке­дон­ски ре­цепт ка­кви што до­се­га об­ја­ву­вав­ме во ру­бри­ка­та „Кујн­ски те­фтер“. Но, од се­кое пра­ви­ло има иск­лу­чо­ци, та­ка што во овој број на чи­та­те­ли­те им го пре­по­ра­чу­ва­ме „на­ши­от“ чи­скејк, со ог­лед на тоа де­ка има ми­ли­он ре­цеп­ти за овој осве­жу­вач­ки и вку­сен де­серт.

Ко­га се под­го­тву­ва во Ита­ли­ја, нај­че­сто се ста­ва си­ре­ње ма­скар­по­не или ри­ко­та – тоа се, во прин­цип, не­со­ле­ни си­ре­ња, кои ние во Ма­ке­до­ни­ја не сме на­у­че­ни да ги ја­де­ме во се­којд­нев­на­та ис­хра­на, а Аме­ри­кан­ци­те го под­го­тву­ва­ат со крем-си­ре­ње.

chizkekjk1_520

Аме­ри­кан­ци­те си го има­ат при­сво­е­но чи­скеј­кот ка­ко нив­ни на­ци­о­на­лен де­серт. Се­кој тој што бил во Аме­ри­ка знае де­ка овој ко­лач ќе го срет­не­те се­ка­де – од обич­ни ре­сто­ра­ни, пре­ку поз­на­ти сла­ткар­ни­ци, па сѐ до екск­лу­зив­ни ме­ста за ужи­ва­ње во до­бра­та хра­на.

За њу­јор­ча­ни­те, чи­скеј­кот е „нив­ни“. Ако си бил во Њу­јорк, а не си про­бал чи­скејк, исто ка­ко да не си бил.

Во Ма­ке­до­ни­ја поч­наа сѐ по­че­сто да го пра­ват во сла­ткар­ни­ци­те, а го има и во фри­жи­де­ри­те во го­ле­ми­те мар­ке­ти. Си­те има­ат раз­ли­чен вкус и се раз­ли­ку­ва­ат по не­што. Не­кој до­да­ва ка­ра­ме­ла оз­го­ра, не­кој го пра­ви со си­ре­ње, не­кој со крем-си­ре­ње, не­кој во ос­но­ва­та ста­ва чај­ни ко­ла­чи­ња, не­кој бис­кви­ти или ме­ле­ни бис­кви­ти. Ама за­ед­нич­ко е што си­те ужи­ва­ат!

chizkekjk2_520

Со­стој­ки

200 гра­ма ме­ле­ни бис­кви­ти

125 гра­ма пу­тер

200 мл сла­тка пав­ла­ка за го­тве­ње

200 мл ки­се­ла пав­ла­ка

200-250 гра­ма ма­скар­по­не (сла­тко си­ре­ње) или дру­го не­со­ле­но си­ре­ње

300 гра­ма овош­је по из­бор: виш­ни, ма­ли­ни, ка­пи­ни, бо­ро­вин­ки

Пу­динг од ва­ни­ла

7 ла­жи­ци ше­ќер

500 ми­ли­ли­три во­да

Под­го­то­вка

Пу­те­рот се ма­ти со ми­ксер и по­тоа во не­го се до­да­ва­ат ме­ле­ни­те бис­кви­ти. За­ед­но се ме­ша­ат и по­тоа се на­тап­ку­ва­ат во пле­хот ка­де што ќе се пе­чат. Рер­на­та се за­гре­ва на 200 сте­пе­ни и по­тоа се на­ма­лу­ва, а оваа сме­са се пе­че кра­тко, са­мо пет ми­ну­ти, кол­ку да се за­су­ши.

Ки­се­ла­та пав­ла­ка и си­ре­ње­то ма­скар­по­не се ма­тат со ми­ксер и по­тоа се до­да­ва во нив че­ти­ри ла­жи­ци ше­ќер. Отка­ко оваа сме­са е из­ма­те­на, се до­да­ва сла­тка­та пав­ла­ка. Це­ли­от фил се исту­ра врз ола­де­но­то те­сто од бис­кви­ти и пу­тер.

Врз кре­ма­та се ре­ди овош­је­то. Со не­го се по­кри­ва це­ла­та по­вр­ши­на. Врз овош­је­то се исту­ра пре­лив за тор­та или пу­динг од ва­ни­ла. Пу­дин­гот се пра­ви со во­да, не со мле­ко. Во не­го се до­да­ва­ат три ла­жи­ци ше­ќер. Отка­ко ќе се ола­ди, се исту­ра над овош­је­то.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top