Бисквитите се популарни во целиот свет. Тие најчесто се конзумираат како десерт или како лесна закуска меѓу оброците. Најчесто се подготвуваат од пченично или овесно брашно, на кое му се додаваат шеќер, мед или засладувачи и чоколадо, јаткасто овошје, овошје или друг полнеж. Често се комбинираат со чај, кисело млеко, пресно млеко или мармалад.
Името „бисквита“ доаѓа од латинските зборови „bis“ – двојно и „coquere“ – да зготви, што во буквален превод значи испечени или зготвени два пати. Името доаѓа од начинот на кој се подготвувани бисквитите на почетокот – прво се печеле во фурна, а потоа се засушувале на слаб оган.
Денес, освен засладени бисквити и бисквити со јајца, путер и зачини, има и побогати бисквити со јаткасто овошје, карамел и други состојки. Новите бисквити во својот состав содржат брашно со докажан квалитет, а се создадени во согласност со високите стандарди. Вкусовите се дополнети со додатоци од чоколадо, какао, путер, млеко и цимет. Може да се консумираат и како десерт, но идеални се и за комбинирање во разни рецепти или со топли напитоци.
Во Англија чајните бисквити имаат големо културно значење како традиционален додаток на пооброчниот чај. Солените бисквити често се конзумираат со сирење по јадењето, за подобрување на варењето на храната. Освен како десерт, некои бисквити се употребуваат за подготовка на различни слатки и торти. Тортата од бисквити е познат благ деликатес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.