Веќе можевме да видиме како, претворајќи ги во лимузини, беа уништени „доџ вајпер“ и „челенџер“, а сега британската компанија „Карс фор старс“, која се занимава со изнајмување лимузини на богати клиенти, објавила скици на лимузина засновани на „ламборгини авентадор“.
Со оглед на тоа дека ова е за тврдокорни љубители на „ламборгини“, можеме да им порачаме дека за нив имаме една лоша и една добра вест.
Лоша вест е тоа што на некого воопшто му текнало да направи лимузина од „авентадор“, а добрата вест е дека се во прашање само компјутерски рендери, така што е можно дека во овој случај се работи само за маркетингшки чекор на компанијата „Карс фор старс“.
Во соопштението што го објавила компанијата „Карс фор старс“ пишува дека дизајнот на продолжениот „ламборгини“ остана верен на оригиналниот „авентадор“, задржувајќи ги основните карактеристики како што е посебниот начин на отворање на вратата.
Ако некогаш се направи, оваа лимузина би имала 4 врати кои се отвораат нагоре и простор за седење опремен со кожени материјали, грејачи во седиштата, екрани, специјално озвучување и бар со шампањ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.