Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар информираат дека од 26-ти до 30 јануари ќе се спроведе екстерна проверка на постигањата на знаењата на учениците од завршните години (трета и четврта) во средните училишта, согласно објавените распореди на интернет-страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk.
На наведената интернет-страница е објавен и јавниот базен со вкупно 50.400 прашања на македонски, албански и на турски јазик, кои ќе бидат дел од тестовите за гимназиско и за стручно образование за сите струки, насоки и предмети.
– Во оваа фаза со процесот на екстерната проверка на постигањата на учениците ќе бидат опфатени вкупно 20.567 ученици од завршните години (трета и четврта година) во 98 средни училишта, како и 3.923 наставници по 2.622 предмети. Резултатите ќе бидат објавени на 2 февруари 2015 година, соопшти Министерството за образование и наука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ова е Зорица: Ќерката на Ирена Спировска прослави матура (галерија)
-
Матурантите ќе танцуваат квадрил на пладне на плоштад „Македонија“
-
Матурската парада ќе се одржи в петок на пладне на плоштадот “Македонија”
-
Не си фраер ако загинеш на матура – РСБСП апелира матурантите да не управуваат моторно возило за време на прославите


