Владејчката партија ВМРО ДПМНЕ е подготвена да разговара со опозијата која ја предводи СДСМ за сите теми. Ова го изјави првиот човек на ВМРО ДПМНЕ и премиер на Македонија Никола Груевски.
– Подготвени сме да разговараме со СДСМ за сите разумни теми. Посакуваме СДСМ да го видиме во Парламентот. Може да разговараме за секоја логична тема, но не и за нереални барања како техничка влада или пак предвремени избори. Нам граѓаните ни го дадоа мандатот со над 200 илјади гласови за да реализираме проекти – изјави Груевски вечерва на гостувањето кај Јанко Илковски.
Според премиерот, СДСМ сака со црна камања, наместо со програма да дојде на власт.
– Главната финансиски поддршка доаѓа од СОРОС. СДСМ не разговараат за проекти, бидејќи нема што да разговараат на таа тема. Ние ќе продолжиме да инвестираме и работиме за граѓаните, тие нека продолжат со црна кампања – рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст