| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Подготвени сме да разговараме со СДСМ за сите разумни теми

Според премиерот, СДСМ сака со црна камања, наместо со програма да дојде на власт

груевски1

Владејчката партија ВМРО ДПМНЕ е подготвена да разговара со опозијата која ја предводи СДСМ за сите теми. Ова го изјави првиот човек на ВМРО ДПМНЕ и премиер на Македонија Никола Груевски.

– Подготвени сме да разговараме со СДСМ за сите разумни теми. Посакуваме СДСМ да го видиме во Парламентот. Може да разговараме за секоја логична тема, но не и за нереални барања како техничка влада или пак предвремени избори. Нам граѓаните ни го дадоа мандатот со над 200 илјади гласови за да реализираме проекти – изјави Груевски вечерва на гостувањето кај Јанко Илковски.

Според премиерот, СДСМ сака со црна камања, наместо со програма да дојде на власт.

– Главната финансиски поддршка доаѓа од СОРОС. СДСМ не разговараат за проекти, бидејќи нема што да разговараат на таа тема. Ние ќе продолжиме да инвестираме и работиме за граѓаните, тие нека продолжат со црна кампања – рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top