| четврток, 6 декември 2018 |

Странските компании ќе донесат нови 15 илјади вработувања

Од странските инвестиции досега се отворени 13.000 директни нови работни места, а од новонајавените се очекуваат уште 15.000 нови вработувања

Во 2014 година вкупно 23 компании донеса одлуки да инвестираат во Македонија, што значи и нови 15 илјади вработувања. Дел од нив потпишаа договори за отворање компании и вработувања,  а некои  веќе почнаа и да градат.

За оваа година се очекува нови 25 компании да ги објават своите инвестиции, најави Премиерот Никола Груевски за време на неговото гостување во емисијата „Јади бурек“.

Nikola-Gruevski-123

Тој посочи дека  за некои од најавените инвестиции  веќе се потпишани договорите , а дел од нив веќе почнале и да ги градат своите капацитети.

Како такви го спомена компанијата „Маркарт“ во Велес твори 600 нови работни места, „КСС“ кои завчера го потпишаа договорот планираат 800 вработувања, „ОДВ Електрик“-1.000 луѓе, „Костал“-1.000 луѓе, Амфенол кои планираат 2.000 вработувања, како и компанијата „Антура“ која ќе инвестира во Кочани и се занимава со производство на семиња за цвеќиња.

-Оваа компанија кога дојде беше заинтересирана да инвестира во Струмица но не добија најдобар прием и се префрлија во Кочани, нагласи премиерот Груевски.

Од странските инвестиции досега се отворени 13.000 директни нови работни места, а од новонајавените се очекуваат уште 15.000 нови вработувања.

-За оваа година, очекуваме околу 25 нови компании да објават инвестици,  некои може годинава и да почнат да гарадт, а некои ќе почнат со градба идната година, потенцираше Груевски.

Тој нагласи дека најзначајната фаза од странските инвестиции е да ја објават инвестицијата, додавајќи дека ретско се случува некој да се откаже од истата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top