Во 2014 година вкупно 23 компании донеса одлуки да инвестираат во Македонија, што значи и нови 15 илјади вработувања. Дел од нив потпишаа договори за отворање компании и вработувања, а некои веќе почнаа и да градат.
За оваа година се очекува нови 25 компании да ги објават своите инвестиции, најави Премиерот Никола Груевски за време на неговото гостување во емисијата „Јади бурек“.

Тој посочи дека за некои од најавените инвестиции веќе се потпишани договорите , а дел од нив веќе почнале и да ги градат своите капацитети.
Како такви го спомена компанијата „Маркарт“ во Велес твори 600 нови работни места, „КСС“ кои завчера го потпишаа договорот планираат 800 вработувања, „ОДВ Електрик“-1.000 луѓе, „Костал“-1.000 луѓе, Амфенол кои планираат 2.000 вработувања, како и компанијата „Антура“ која ќе инвестира во Кочани и се занимава со производство на семиња за цвеќиња.
-Оваа компанија кога дојде беше заинтересирана да инвестира во Струмица но не добија најдобар прием и се префрлија во Кочани, нагласи премиерот Груевски.
Од странските инвестиции досега се отворени 13.000 директни нови работни места, а од новонајавените се очекуваат уште 15.000 нови вработувања.
-За оваа година, очекуваме околу 25 нови компании да објават инвестици, некои може годинава и да почнат да гарадт, а некои ќе почнат со градба идната година, потенцираше Груевски.
Тој нагласи дека најзначајната фаза од странските инвестиции е да ја објават инвестицијата, додавајќи дека ретско се случува некој да се откаже од истата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии


