| четврток, 6 декември 2018 |

Тројца полесно повредени во пет сообраќајки во Скопје

сообракајка

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на град Скопје изврши увид на вкупно пет сообраќајни незгоди од кои во три со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, а две поминале само со материјална штета.

Сообраќајната полиција откри и санкционира двајца возачи што го управувале возилото под дејство на алкохол, кои се исклучени од сообраќај, тројца возачи што не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, пет возачи што не ги почитувале светлосно-сообраќајните знаци на крстосниците. Санкицонирани се и 12 возачи што не го почитувале ограничувањето на брзината на движење од кои 10 се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, како и 16 пешаци што поминале надвор од обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.
Со помош на специјалното возило пајак во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 71 возило кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постојната сообраќајна регулатива.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top