| четврток, 6 декември 2018 |

На жителите во планинските предели им е овозможена здравствена заштита

преглед

Тим од доктор од Здравствениот дом Скопје и претставници од Центарот за управување кризи и Дирекцијата за заштита и за спасување им овозможи неопходна лекарска помош на жителите во планинското село Брест по информацијата за појава на симптоми на грип кај повеќе деца.

Министерството за здравство денеска информира дека се извршени прегледи на 15 деца на возраст од шест месеци до 10 години, а прегледени се и девет возрасни лица. Дел од прегледаните имале симптоми на грип и на настинка, а кај две лица била констатирана потешка клиничка слика со повисока температура и со отежнато дишење. Кај сите прегледани лица е препишана терапија и се обезбедени потребните лекови, а се дадени и препораки и совети за постапување во следните денови.

„Во претстојниот период постојано ќе се следи здравствената состојба на жителите од ова населено место, а особено здравјето на децата како вулнерабилна група. Министерството за здравство во соработка со надлежните институции ќе продолжи да се залага за обезбедување неопходна здравствена заштита за жителите во тешко достапни и непроодни места, сè до нормализирање на временските услови и овозможување пристап на овие граѓани до редовниот систем на здравствена заштита“, се вели во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top