| четврток, 6 декември 2018 |

На исток обилен дожд и ветер со брзина до 70 км/ч

oblaci i dozdУтринава времето е облачно со дожд особено во источните делови. Дува умерен до засилен ветер од јужен и југоисточен правец Брзината на ветерот во источните делови достигнува брзина до 70км/ч. (Штип, Кр. Паланка и Виница).

Во 7 часот утрово измерени се следнива температура: 

0 Маврово, 2 Лазарополе и Крушево, 4 Претор, 5 Кр.ПАланка, Охрид, и Дебар, 6 Скопје-З.Рид и Битола, 7 Берово, 8 Скопје-Петровец, и Куманово, 9 Кавадарци, 10 Штип, Виница и Дојран, 11 Д.Капија и Гевгелија, 12 Струмица.

Денеска се очекува претежно облачно со дожд, а на планините снег. Локално врнежите ќе бидат пообилни, особено во источните делови, каде се очекува да падне 30 л/м2 воден талог. Во југоисточните подрачја ќе има услови и за ретка појава на грмежи. На повисоките планини ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец, кој на места ќе достигнува брзина над 70км/ч. Попладне ветерот ќе ја намали брзината.

Максималната температура ќе достигне од 7 до 12 степени.

Во Скопје се очекува облачно време со повремен дожд, особено попладне. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

До недела претпладне нашето подрачје ќе биде под влијание на циклонска активност што ќе услови претежно облачно време со повремен дожд, а на планините снег.  Врнежите  ќе бидат со послаб интензитет и полокализирани. Утре во текот на денот, поради  заладувањето и северниот ветер,  врнежите ќе преминат во снег и во повисоките места.

В недела попладне и в понеделник ќе настапи преодно стабилизирање на времето, но ќе биде студено и ветровито.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top