Попладнево се приведени лекар и уште еден вработен од клиниката за гинекологија под сомневање за корупција, пренесе Канал 5. Според пријавата осомничените побарале поткуп за да породат трудна жена од Источна Македонија со царски рез.
На сопругот на трудницата му побарале 20.000 денари. Тој пријавил во министерството за здравство од каде на клиниката испратиле претставници од кабинетот на министерот и од државниот здравствен и санитарен инспекторат потврдија од министерството. Разговарале со сопругот повикале полиција. Од министерството велат дека толеранцијата кон корупција во здравството мора да е нула.
– Никогаш нема да се согласиме било кој доктор, кој и да е, да уценува пациент да добие здравствена услуга за пари. Нема пониско нешто од уцена за добивање здравствена услуга, и токму затоа вака реагираме и ќе продолжиме и во иднина да реагираме на овој начин.
Од МВР велат дека двајцата осомничени ги привеле попладнево на разговор. Ќе ги сослушаат и оштетените но и евентуалните сведоци од гинекологија. Во која насока ќе се одвива истрагата дали и за што ќе бидат поднесени пријави од МВР повеќе информации најавија за утре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Животот со глава се плаќа во мандатот на Филипче: Родилка во кома хоспитализирана на геријатрија
-
ГРЕКО: Македонија спровела само шест од 19 препораки за борба против корупцијата, резултатите разочарувачки
-
Браво за СДСМ, и Африка стана подобра од Македонија!
-
Клиниката за гинекологија дели бонуси, а враќа долгови со пари од ребалансот