Германската канцеларка Ангела Меркел ја обвини денеска Русија дека со интервенцијата во Украина го нарушува воспоставениот мир во Европа по 1945 година, нагласувајќи дека ЕУ не треба да ги укине економските санкции кон Москва, доколку таа не го смени својот курс.
– Анексијата на Крим не е едноставна анексија. Тоа е нарушување на вредностите, кои создадоа мир во Европа по Втората светска војна, односно прифаќање на границите и почитување на територијалниот интегритет, истакна Меркел за време на Светскиот економски форум во Давос.
Според неа, економските санкции не се само цел, туку се неизбежни.
– Тие можат да бидат укинати доколку се отстранат причините поради кои се воведени. Но, за жал се уште не сме стигнале до тоа, додаде германската канцеларка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.