| четврток, 6 декември 2018 |

Убиен гостиварец крај автопатот кон Тетово

полицијаГостиварецот  Рефек К. (56) попладнево е пронајден мртов покрај канал за наводнување во близина на автопатот Тетово – Гостивар близу Пумчевиште.

Според првичниот увид, на безживотното тело има две рани за кои се претпоставува дека се од огнено оружје.

Во тек е увид од полицијата и јавниот обвинител по кој се најавуваат повеќе детали.

Рефек К. на 20 јануари е пријавен за исчезнат. Телото пронајдено попладнево се наоѓа покрај автомобил марка „рено“, а покрај него бил пронајден и пиштол. Раните се во главата и стомакот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top