| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерот Груевски се сретна со албанската министерка за одбрана Кодели

kodeli

Премиерот Никола Груевски денеска се сретна со Мими Кодели, министер за одбрана на Република Албанија при што разговарале за повеќе теми и проекти од областа на одбраната, унапредување на взаемната соработка и размена на искуства кои ќе придонесат за дополнително интензивирање на односите помеѓу двете земји.

Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Груевски истакнал дека Владата реализира реформи за унапредување и следење на стандардите. Тој ја потенцирал нашата стратешка определба за членство во НАТО посочувајќи дека Република Македонија зема активно учество во мировните мисии на НАТО и претставува активен партнер во исполнување на функциите и целите на Алијансата.

kodeli 2

Премиерот, се наведува, ја истакнал важноста од искористување на потенцијалите меѓу двете држави во насока на зголемена соработка како во полето на одбраната, и во другите сфери од заеднички интерес.

Министерката за одбрана Кодели истакнала дека Албанија активно го поддржува членството на Македонија во НАТО, посочувајќи дека државата ги исполнува стандардите за членство и партиципација. Таа посочила дека Албанија е подготвена за поддршка и реализација на проекти од регионално значење и дека тоа ќе придонесе за развојот на интегративните процеси на државите и за напредок на целиот регион.

– Соговорниците  изразија подготвеност и волја за одржување на заедничка владина седница помеѓу двете земји што ќе влијае на унапредување на односите и можност за соработка и размена на мислења на различни проекти од взаемен интерес меѓу двете земји – се наведува во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top